Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска и Илиќ: Стружанка е тежок ривал, но мора да играме храбро нешто што ни донесе топ-3 пласман
Миновска и Илиќ:  Стружанка е тежок ривал, но мора да  играме  храбро нешто што ни донесе топ-3 пласман

Миновска и Илиќ: Стружанка е тежок ривал, но мора да играме храбро нешто што ни донесе топ-3 пласман

По заминувањето на “ѕвездениот“ ЖРК Вардар на почетокот од летото, се појавија многу прашалници дали женскиот црвено-црн тим, ќе постои ли, дали ќе биде доволно силен и за македонски услови. Товарот да се изгради новиот тим падна на генерацијата.2002-2003 со неколку малку повозрасни девојки. Не се знаеше дал ќе бидат “топовско месо“ за поискусните тимови на Куманово, Металург, Пелистер, Стружанка и.т.н или бар достоен спаринг-партнер. Сепак тие не мислеаа така “пркосеа на ветерот“ па на коло до крајот зборуваме дека ќе презимат во топ-3 на победа-две до лидерската позиција која носи шампионски пехар.

Последниот дуел кој ги очекува е овој викенд, станува збор за гостувањето кај тимот на ЖРК Стружанка во Струга.  Екипа која на табелата е зад нас на минус три бода, и која е важно да ја добиеме за да бидеме на шест плус од нив на “зимување“ и на само чекор од водечките Куманово и Металург кои во пролетниот дел ќе ги “нападнеме“.  На првиот меч во “Јане Сандански“ одигравме херојски, на полувреме беше реми 12-12, гостите отворија подобро во вториот дел и поведоа. Ние смогнавме сили и од минута во минута ги добивавме во сите аспекти на ракометната игра па на 6.минути до крајот водевме со 24:19. Умешно го доведовме мечот до крајот и победивме со 27-25. За оваа средба разговаравме со две девојки од нашиот тим.

Девојките фотогафирани веднаш по победата над Стружанка

Девојките фотогафирани веднаш по победата над Стружанка

Сара Миновска  е левото крило на црвено-црните, девојка која оваа сезона добива од меч во меч се позначајна улога, која ја искористи шансата и со своите игри најавува дека напролет треба да се смета посериозно на нејзе и да и се даде поголема минутажа бидејќи одговорно ги извршува своите задачи. Претходните сезони  одлично настапуваше на бековските позиции, а сега извонредна е и како крило. Тоа е  талентирана, експлозивна и  ретко интелигентна ракометарка која е вистински борец. Со неа имавме интервју кое може да го најдете на нашиот сајт (овде). Во продолжение таа ни дава видување за последната средба во Супер лигата и оценка на досегашниот дел од сезоната во истата.

wСледен и последен предизвик во Супер лигата е  гостувањето кај екипата на  Стружанка,  против која што нашата прва средба не беше баш најдобра. Изигравме прилично лош натпревар, покажавме игра која не е на наше ниво, дозволивме близок резултат, сето тоа на име на брза игра, без размислување, со многу грешки и пропуштени шанси за гол. Но и покрај нашата неквалитетна игра, сепак успеавме да се избориме за победа. Натпреварот заврши со два гола разлика позитива за нашиот тим. Сега во Струга ќе се потрудиме да го оправдаме она што го пропуштивме овде во Скопје, нема да се прецениме, ниту да го потцениме противникот. Верувам ќе  ја прикажеме нашата игра во најдобро светло, како што ни доликува за црвено-црниот тим.

w2

На почетокот од сезоната во Супер лигата влегоме како аутсајдери, како тим кој е млад и е отпишан за постигнување на добри и забележителни резултати. Ама ние го направивме спротивното, изгинавме “машки“ на секој дуел,  на секој меч одигравме максимално, всушност ние го презентиравме она што напорно го работевме на тренинзите за кое другите и не беа свесни дека ќе им се случи. Сетоа тоа беше со цел да стигнеме до посакуваната цел и да докажеме дека ние не сме екипа која треба да се занемари, дека сепак ние сме тим кој може да се докаже и да има успеси зад себе. Местото во топ-3 тима е нешто за кое што секоја млада екипа би го посакала, нашиот голем напор и добрата и пожртуваната работа како екипа излезе на виделина, тоа е главната причина што сме во најдобрата тројка. Напролет ќе се обидеме ова да го задржиме како пласман, а потоа и да направиме подобар резултат од тоа во вториот дел од пролетниот дел.  Наша цел е да продолжиме со тимска игра и добрата работа на пролет, очекуваме многу идната година иако имаме навистина голем број на повредени играчи.  Ќе дадеме се од себе тоа може да ветам. За Купот на РМ очекувам и таму дека ќе имаме добар резултат како во лигашкиот дел, но само под услов да продолжиме со нашата “машка“, храбра и безпоштедна игра како од почетокот на суперлигашката сезона- завршува Миновска во изјавата за нашиот сајт.

 w5

На голманската позиција на овој тим се наоѓа Андреа Илиќ, член на  феноменалното голманско трио на црвено-црните за кое ви донесовме вест на нашиот сајт (види).  Таа заедно со Грујовска добиваше највеќе прилики да брани во Супер лигата. Станува збор за млад и талентиран голман, кој работи со врвниот тренер на црвено-црните Александар Царчев и кој има втор скор на вкупни одбрани.  Со неа разговараме на истата тема мечот со Стружанка и видување на досегашните 13 кола во сениорската женска лига.

Последен меч  кој не очекува за оваа полусезона ни е дуелот  со Стружанка, кој мора да признаеме е  многу незгоден противник. На првата средба не влеговме многу концентрирано, потоа се зангажиравме и победивме, но само со два гола поради лошиот старт.  Во досегашниот дел на сезоната Стружанка се покажа јака на домашен терен, па затоа имаме уште поголема мотивација за победа и да ја завршиме полусезоната успешно.  Верувам во нашиот тим чива главна одлика е тимската игра на сите нас на дуелите и големиот респект една кон друга. 

w6

Овие изминати 13 кола во суперлигашката конкуренција  ги одигравме добро, секако тоа што сме во топ-3 екипи не прави среќни и ни дава мотив пролетниот дел да го изиграме на уште повисоко ниво. Ние сме млада екипа која се соочува со голем број повреди, но сепак сме задоволни од нашиот резултат и се надевам дека ќе имаме уште подобри резултати оваа пролет. Нашата поврзаност помеѓу девојките во тимот ни носи голема предност, ние функционираме како еден, тоа е она што носи резултати кои многумина не ги очекуваа од нас на почетокот од оваа натпреварувачка сезона. Јас сум оптимиста кога е во прашање нашиот напредок во продолжението од сезоната во која ќе се бориме на два фронта, лигата и Купот во сениорска конкуренција – вели Илиќ за Вардар фанс.

Михајло Тушевски