Членот на вториот тим на Жрк Вардар, Ивана Маневска оваа натпреварувачка сезона ќе ја пропушти од приватни причини. Сепак не заборави да даде комплименти за својата екипа.
-За екипата можам да кажам се најдобро, задно со стручниот штаб. Сите се амбициозни, талентирани и верувам дека голем дел од нив се иднината на Вардар.
По првиот дел од сезоната, втората екипа на Вардар има учинок од 6 победи и 4 порази.
-Овие девојки имаат уште многу што да покажат, и нивното време допрва доаѓа. Многу ми е жал што неможам да им помогнам оваа сезона, од приватни причини. Сепак знам дека сите они се среќни за мене. Сите се прекрасни, почнувајќи од тренерите.Всушност сите во Вардар се супер, изјави Ива Маневска за нашиот сајт.
28.12.2014
Звонко Ивановски