Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Вардар јуниор денес гостува во Радовиш
РК Вардар јуниор денес гостува во Радовиш

РК Вардар јуниор денес гостува во Радовиш

Екипата предводена од играчот на 20.век, а сега ракометен стратег Пепи Манасков, РК Вардар јуниор денес гостува во Радовиш кај истоимениот суперлигаш. Ова е меч во рамки на плеј-аутот во најсилната машка ракометна конкуренција во земјава. Мечот е без резултаtско значење за двете екипи кои веќе го имаат обезбедено опстанокот во лигата во целост која ја напушта Металург-2, а велешки ГРК Борец ќе игра бараж за пополнување на суперлигата со второпласиранта екипа од првата лига.

Второпласиран тим во втората лига е третиот сениорски црвено-црн ракометен колектив тимот на РК Вардар-2 предводен од Стојан Петрушевски. Мечот денес во Радовиш ќе се игра со почеток во 19-00. Во последното коло за нас ние одигравме одличен меч и го победивме скопскиот ривал Тинекс Пролет `62 со 23-26. Без разлика што овој млади тим на црвено-црните во оваа дебитанска сезона за нив во најсилното суперлигашко друштво не ја исполни својата зацртана цел- пласман во плеј-офот тие се за секоја пофалба. Во дебитанска сезона одиграа одлично беа на место зад четирите кои водеа во разигрувањето во кое се приклучија и РК Вардар и Макс Струмица. Голем успех за нив е и пласманот на завршниот ф-4 турнир во Купот на Република Македонија, каде во полуфиналниот меч го „намачија и препотија“ повеќе кратниот македонски ракометен шампион РК Металург.