Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките се подготвуваат за Европското првенство во Скопје
Кадетките се подготвуваат за Европското првенство во Скопје

Кадетките се подготвуваат за Европското првенство во Скопје

Женската кадетска репрезентација го стартуваше вториот дел од подготовките, за престојното Европско првенство за девојки до 17 години. Ова натпреварување ќе се одржи во нашиот главен град Скопје. Во понеделникот беше означен стартот на припремите, кои се одвиваат во малата сала во спорскиот центар Јане Сандански. Не се планирани некои подготвителни турнири, а репрезентацијата ќе одигра неколку пријателски натпревари со екипи кои подоцна ќе бидат познати.

Во списокот на селекторот Јулија Црвенковска се наоѓаат шест девојки кои доаѓаат од ракометниот клуб Вардар. Некои од нив имаа можност да играат во супер-лигата за првиот тим на Вардар, предводен од Кастратовиќ и Питлик. Тоа се Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Александра Вељаноска и Моника Георгиевска. Додека две ракометарки минатата сезона настапуваа за втората екипа, голманката Нина Ладева и Леонида Гичевска. Европското првенство во нашиот главен град ќе се игра во периодот од 13-23-ти август. Младинките пак вечерва стартуваат на ЕП во Валенсија, со дуел против селекцијата на Литванија.