Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП 2023: ЖРК Вардар во првиот “шешир”
КУП 2023: ЖРК Вардар во првиот “шешир”

КУП 2023: ЖРК Вардар во првиот “шешир”

Во женскиот ракометен Куп веќе се познати се 1/8-финалните  шешири пред ждрепката во ова натпреварување кај дамите. Ќе играат 15 екипи, кои во осминафиналето ќе бидат поделени во три групи по четири екипи и една со три екипи. Ранкингот на екипите е направен според пласманот во Женската лига минатата сезона. 1/8-финалните натпревари на 18/19 март, најдобрите четири екипи ќе обезбедат место на завршниот турнир што ќе се одржи на 13/14 мај 2023 година.

Куп на Македонија, жени, ждрепка:

шешир 1: Вардар, Ѓорче Петров, Куманово, Металург
шешир 2: Чаир, Стружанка, Деспина, Пелистер
шешир 3: Овче Поле СУ, Шампион, Гевгелија, Астибо
шешир 4: Спартак, Кузман Вардар, Скопје