Голманката на ЖРК Вардар и репрезентативка на Франција, Амандин Лејно од следната сезона ќе ја гледаме на голот на Ѓер. После пет сезони поминати во црвено-црниот дрес, Лејно се реши кариерата да ја продолжи во Унгарија и тоа во најдобриот клуб во оваа земја, кој наназад години е во врвот на Европскиот ракомет. Taa со новиот клуб потпиша договор на една сезона, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
-Овој клуб ми значи многу бидејќи е најдобриот во историјата. Секој сонува да настапувa покрај вакви соиграчи. Ми се укажа голема шанса и среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер, истакна Лејно за официјалниот сајт на Ѓер.
Лејно ќе се обиде во последниве четири месеци, колку и ќе биде дел од Вардар да дојде до посакуваната Европска титула, тоа не и успеваше во изминатите четири години, па се надеваме дека оваа сезона ќе и биде среќна и на најдобар можен начин ќе се прости од клубот.