Српската репрезентативка и поранешна вардарка, Андреа Лекиќ моментално е дел од тимот на ЧСМ Букурешт, а веќе следната сезона ќе ги брани боите на црногорскиот шампион Будуќност. Во изјава за специјализиранот ракометен сајт “Балкан Хенбал“ помеѓу другото зборува за времето минато во Скопје.
Уживав во Скопје, навистина. Токму таму ги поминав најуавите моменти во кариерата од првиот до последниот ден. Ми недостига се: почнувајќи од ракометот, од условите кои ги имавме, од луѓето кои го сакаат ракометот, од односот со сите луѓе. Фактот дека го играте спортот број 1 во државата, мислам дека не е потребно повеќе да се зборува. Голем број пријатели, многу незаборавни моменти. Од сите играчи што играле во Вардар, ќе слушнете дека клубот и Скопје им недостига многу.