Младинската екипа на женскиот ракометен клуб Вардар, досега одигра две кола во младинската конкуренција во 2019 година. На гости високо триумфиравме кај РК Кузман во н.Илинден, убедлива победа имавме и дома во мечот со Стужанка. Со овие шест бода останавме на врвот на табелата пред тимовите на ЖРК Куманово и Металург.
За одржување на лидерската победа ни е потребна нова победа, следното 3-то пролетно односно 12.коло од сезоната 2018/2019 се игра веќе во среда. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев гостуваат кај тимот на ЖРК Шампион. Натпреварот кој ќе се игра во салата “ФФОСЗ“ на 13/02/2019 година е закажан со почеток во 16-00 часот. Дуелот ќе го судат Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.
Ние сме фаворити на оваа средба, на првиот дуел во “Јане Сандански“ одигран во октомври дојдовме до победа со високи 34 гола предност. Вардарки триумфираа со резултат 48-14. Кај нас одличен дуел одигра Кети Ангеловска истиот таа го заврши со 9 погодока, Диневска Бојана имаше 8 гола, Мирјана Петковска заврши со “бројот 7“ зад своето име, толку одбрани имаа и голманките, Симона Грујовска 7 одбрани (1.пенал), Јована Трајкоска имаше исто 7 одбрани.