Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Медвед за Вардарфанс: Она што го доживував со Кометал, го доживувам и сега со Вардар
Медвед за Вардарфанс: Она што го доживував со Кометал, го доживувам и сега со Вардар

Медвед за Вардарфанс: Она што го доживував со Кометал, го доживувам и сега со Вардар

Останаа уште четири дена пред решавачкиот дуел на Жрк Вардар за пласман на завршниот турнир во Будумпешта. Спортскиот директор на Вардарки, Тања Медвед за нашиот сајт ги изнесе впечатоците за својата екипа и шансите да се најдеме на Ф4.

-Пред извесно време во едно интервју изјавив дека е време среќата да се сврти на наша страна, врз основа на тоа колку лоши моменти (спортски повреди) имавме оваа сезона и колку недостатокот на јаки натпревари се покажа како пресуден за подигнување на нивото на формата, која треба да расте во текот на сезоната. Со ваква квалитетна екипа која ја имаме на располагање успеавме да се издигнеме над се, па дури и притисокот кој беше неминовно секогаш присутен поради очекувањата да мораме се да газиме. Осцилациите во играта во текот на сезоната резултираа со пад на самодовербата. Затоа беше потребно време да се исправат грешките, да се влезе во форма и се да се сложи во една целина која пред се создаде една спектакуларна атмосфера на мечот против Ѓер. 

Тања Медвед беше член на повеќекратниот Македонски шампион, екипата на Кометал со која имаше незаборавни моменти.

-Секако дека девојките добија крилја со подршката од трибините која создаде таква енергија за да биде прегазена една голема екипа, како Ѓер. Морам да нагласам со големи букви: Само овде во Македонија една екипа може да добие таква подршка од навивачите, како никаде на друго место во светот. Јас тоа го доживеав кога играв во Кометал, го доживувам и сега со Вардар и емоциите кои ги пружа оваа публика се за сите времиња. Голема благодарност за тоа. Реков пред натпреваров дека единствено Будуќност и Ларвик ги гледам на Ф4 поради нивната пред се физичка спремност, а од останатите можат да поминат само оние кои ќе успеат да ги надминат сите недостатоци и успеат да извлечат максиум во завршницата.

Вардар има плус шест гола од мечот во Скопје и големи шанси да се најде на завршниот турнир.

-Да се има 6 голови предност,со примени 18 е многу охрабрувачки резултат. Но за нас другиот меч е второ полувреме. Се подготвуваме за реваншот без притисок во однос на првиот дуел и сигурна сум дека девојките ќе одиграат еден тежок натпревар во кој ќе успеат да ја сочувуваат предноста создадена во Скопје и да обезбедиме учество на завршниот турнир, изјави Тања Медвед за Вардарфанс.

Звонко Ивановски