Младинките на Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во првенството. Вчера на мечот во спортскиот ракометен центар Кале, избраничките на Билјана Пецевска беа подобри во дуелот со екипата на Делчево. Вардарки забележаа убедлив триумф со резултат 34:23. Ова беше последно коло од регуларниот дел на сезоната, каде завршивме на второто место на табелата. Сега не очекува завршниот турнир на најдобрите четири екипи. На мечот повторно најефикасна во нашиот состав беше Ива Божиноска со 8 голови, додека Ана Иванова додаде 5. По 4 постигнати голови имаа Ивана Стојмановска, Моника Георгиевска и Бојана Пецевска, поопширен извештај прочитајте во нашата вест за овој меч.