Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар првопласирани на турнирот организиран од клубот “Велкова 5“
Пионерките  на Вардар првопласирани на турнирот организиран од клубот  “Велкова 5“

Пионерките на Вардар првопласирани на турнирот организиран од клубот “Велкова 5“

Пионерките на Вардар успеаа да триумфираат на сите три меча  на пријателскиот турнир што се одржа во Скопје во организација на клубот Велкова 5 и со тоа да бидат најдобри на овој ревијален настан. Избраничките на Драгана Ристова-Пецевска кормиларот  на пионерската екипа на Вардар  беа одлични на сите три натпревари кој на овој турнирот  за ракометарки од генерацијата 2000 и помлади траеа по 20 минути, односно се играше 2х10 минути по претходен договор на екипите.
vardarfans-cel-660x330
Во најтешкиот меч кој прв го одиграа, пионерките го добија   домаќинот на турнирот тимот на  Велкова 5. Тие на своите врснички од Велкова-5 им нанесоа минимален пораз  со резултат 11-10. Во второто коло предизвикот беше полесен. вардаровите надежи се сретнаа со екипата на  Жрк Чачак,  која дојде како гостин на турниров од нашиот северен сосед Србија. Во овој меч издвојувавме далеку поубедлива победа со  20-6. Последен меч на кој исто така впишавме победа беше со  пионерките на Ѓорче, на нив им нанесовме пораз со со резулат  15-9.  На турнирот не красеше одлична ефикасност постигнавме 46  погодоци или во просек 15,33 по меч што е одлично за натпревар што трае во целост само 20 минути, одигравме одлично во одбраната каде примивме 25 гола или во просек 8,33 гола по меч, што е показател на одличната подготовка на девојките од страна на тренерот Пецевска.