Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа и нерешен резултат за Ново Лисиче, во дуелите со екипата на Опш. Кисела Вода во “Јуниор“ лигата
Победа и нерешен резултат за Ново Лисиче, во дуелите со екипата на Опш. Кисела Вода во “Јуниор“ лигата

Победа и нерешен резултат за Ново Лисиче, во дуелите со екипата на Опш. Кисела Вода во “Јуниор“ лигата

Викендов продолжија натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига. Во спортскиот ракометен центар Кале беа одиграни натпревари во женска конкуренција. Екипата на Ново Лисиче во ова коло забележа една победа и нерешен резултат. Противник во двата натпревари, во различни возрасни генерации им беше екипата на Опш.Кисела Вода.

Во генерацијата родени 2002/03 година, екипата на Ново Лисиче на крајот забележа победа во дуелот со Опш. Кисела Вода, со минимален резултат од 8:7. Гледавме доста израмнет натпревар, на кој двете екипи постојано се менуваа во водство. Речиси во текот на целото прво полувреме, Кисела Вода имаше постојана предност, која не успеа да ја зачува до крајот на првото полувреме. Тие го отворија дуелот со гол, но тимот на Ново Лисиче успева да поведе со 2:1. Во наредните неколку минути, следеше серија на Оп. Кисела Вода од три поседователни гола, за предност од 2:4. Сепак до крајот на првиот дел, Ново Лисиче стигнува до израмнување, па на полувреме се заминува со нерешени 4:4.

Во второто полувреме, следиме игра гол за гол на двете страни. Во последните две минути, екипата на Кисела Вода влезе со предност од 6:7, која не успеа да ја зачува, бидејќи последните два гола беа дело на Ново Лисче, за конечни 8:7 на овој меч.

Овие две екипи одиграа уште еден натпревар, но во генерација родени 2004/05 година, кој заврши со нерешен резултат 4:4. И по првото полувреме, ниедна од двете екипи немаа предност, откако беше нерешено 2:2. Ново Лисиче поведе со 2:0, но Опш. Кисела Вода врати со иста мерка, за израмнување на резултатот. Во последната минута од мечот Кисела Вода, влезе со еден гол позитива, но Ново Лисиче успеа да се избои за нерешени 4:4.