Младинките на ЖРК Вардар одиграа три дуели во изминатите четири кола (еднаш беа слободни) и остварија максимален успех со 9.бода се лидери на табелата во групата-А.
Следен предизвик за девојките на Александар Царчев е дуелот против тимот на РК Илинден од истоимената скопска населба. Дуелот е закажан за задутре (четврток, 16/03/2023). Натпреварот ќе се одигра во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода со почеток во 17-00 часот.