Во ревијален натпревар во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар помеѓу младинките на ЖРК Вардар и девојчиња кои настапуваат во Јуниор лигата од екипите на Академија 1 и Академија 2. Овој дуел очекувано му припадна на подобриот тим, црвено-црните девојки славеа со резултат 12:27. Се играа две полувремиња по 20 минути.
Нашите младинки фуриозно го започнаа мечот, каде имаа предност од 0:3. Првиот погодок противникот го постигна во 4 минута. Во следните минути следиме подобра игра на Академија 1&2 за намалување на резултатот од 5:6. Сепак квалитетот беше далеку на страната на Вардарки, кои прават нова серија на погодоци за највисоки во тие моменти 5:10. Тренерот Билјана Пецевска им даваше шанса за настап на сите ракометарки кои и беа на располагање. Како одминуваше првото полувреме, предноста се повеќе растеше (7:15). По првото полувреме резултатот гласеше 9:17.
Доминација на Вардарки во второто полувреме, кои му дозволија на противникот да постигне само 3 гола. На стартот на второто полувреме направивме серија од четири погодоци за водство од 9:21. До крајот на натпреварот Академија 1&2 се обидуваше да го намали резултатот (12:24). Последните три гола на натпреварот беа дело на Вардар, за конечен резултат од 12:27 на овој натпревар.
Најефикасни во нашиот состав беа Ивана Стојмановска и Анастасија Тодоровска со по 6 постигнати голови. Ива Божиноска даде 4, додека по 3 Тина Тодоровска и Сашка Филипоска.
ЖРК Вардар: Мицевска, Костовска, Станикевска, Филипоска 3, Т. Тодоровска 3, Белимова, Карчева 1, Божиноска 4, Костадиновска 1, Стамова, Николовска 1, Пецевска 1, Лазаревска, Иванова, Георгиевска, Колевска 1, Стојмановска 6, А. Тодоровска 6.