Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 6.коло младинска лига! ЖРК Вардар првопласиран по победата над Чаир
Преглед 6.коло младинска лига! ЖРК Вардар првопласиран по победата над Чаир

Преглед 6.коло младинска лига! ЖРК Вардар првопласиран по победата над Чаир

Изминатиот викенд се одигра првото коло оваа 2020 во женската ракометна младинска лига. Во оваа 6.рунда се одигаа два дуела, лигата брои само пет тима па во едно коло на програмата се два меча.

Tимот на Куманово ова коло беше слободен, Металург имаше лесна задача на домашен терен со тимот на РК Кузман Илинден успевајќи да дојде до убедлива победа со 18.гола предност. Вардарки исто така имаа лесно гостување (замена на домаќинства имаме со Чаир), како гости во скопската населба Чаир победивме со 40.гола предност.

Се беше решено веќе по воведните 10.минути кога поведовме со високи 10-2, понатака мечот беше рутина, црвено-црните дами го полнеа голот на чаирчанки, најчесто од контри голот на противникот. Имавме и расположени голмани, токму они беа двоцифрени на овој дуел. Симона Грујовска имаше 12, а колешка и  Трајкоска Јована сопра 11 топки.   Стефанија Ѓорѓиевска беше прв стрелец (8), по 7 гола имаа Ана Марија Коларовска и Трпевска Ивона (7). Девојките кои беа повредени претходно   Ивана Џатевска и Кети Ангеловска стрелаа по 6.пати.

* ЖРК МЕТАЛУРГ -ЖРК КУЗМАН ИЛИНДЕН 39:21 (20:12)

РК ВАРДАР – РК ЧАИР 56:16 (30:05)

* ЖРК КУМАНОВО- СЛОБОДЕН

На табелата Вардар изби на врвот со 12.бода колку и тимот на Куманово кој има одиграно натпревар помалку, тимот од Автокоманда се наоѓа на позицијата број три. Табелата по ова шестто коло изгледа вака:

tabela

Во седмото коло кое се игра овој викенд ќе бидеме слободно, другите два натпреварувачки пара се следни:

*Чаир-Металург

*Кузман-Куманово

*Вардар-слободен