Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младинската ракометна репрезентација, вечерва тргнува за Валенсија
Младинската ракометна репрезентација, вечерва тргнува за Валенсија

Младинската ракометна репрезентација, вечерва тргнува за Валенсија

Женската младинска ракометна репрезентација вечерва тргнува на пат за Шпанија, каде ќе се одржи Европското првенство за младинки до 19 години. Девојките вечерва со автобус патуваат за Софија, од каде со авион ќе пристигнат во Валенсија. Избраничките на Симе Симовски имаа можност, месец и повеќе да се подготвуваат за ова големо натпреварување. Во текот на подготовките одиграа четири подготвителни натпревари, на кои забележаа две победи против Бугарската селекција и еден триумф против Србинките. Македонија е во група заедно со репрезентациите на Русија, Германија и Литванија. Својот прв настап ќе го имаме во четврток, кога играме против Литванија. Мечот започнува со почеток од 21 часот.

Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Нина Бојаџиска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Ангела Петровска, Теодора Керамитчиева, Стефанија Мишеска и Наташа Нолевска, се девојките кои доѓаат од Вардар и кои ќе не преставуваат на ова Европско првенство. Нашата редакција која активно ги следеше изминатиов период, им посакува многу среќа на ова ЕП на нив и на останатите кои ќе ги бранат боите на Македонија.