Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден лани! „Лавиците“ дојдоа до пионерски пехар, Ѓорѓиевска беше најдобар голман, Стефаноска лев бек, „МВП“ беше Коцева
На денешен ден лани! „Лавиците“ дојдоа до пионерски пехар,  Ѓорѓиевска беше најдобар голман, Стефаноска лев бек, „МВП“  беше Коцева

На денешен ден лани! „Лавиците“ дојдоа до пионерски пехар, Ѓорѓиевска беше најдобар голман, Стефаноска лев бек, „МВП“ беше Коцева

Лани на денешен ден, „лавиците“ покажаа дека  имаат срце големо како планина, најмали се, пионерките на ЖРК Вардар ама затоа “жнеаат“ титула по титула. Во големото финале во пионерска конкуренција одиграно во Делчево, девојките на Вардар беа подобри од Стpужанка со 20-18 и дојдоа до круна. Браво за оваа екипа која има 12 победи во пионерската лига од толку дуели (1о во групата и два на ф4).

Девојките на  Платон и Папуџиева, тргнаа лошо противникот поведе со 3-5, но тие со серија 6-1 направија пресвет (9-6), го исконтолираа првиот дел и заминаа на одмор со 11-9. Во вториот период успеаа да бидат на ниво и победија со блескава игра (20-18).  Во таа победа, сите девојки вградија свое парче во “мозаикот“ шампионска пионерска круна. За истакувања се три најдобри стрелци: Стефановска Сара имаше 6 гола, сестрите близначки исто така имаа добар скор: Коцева Бојана даде 5 погодока, а Коцева Борјана 4.

pp21-660x330

Покрај ова имавме и дузина лични награди, Вероника Ѓорѓиевска се најде во идеалната постава на финалето како најдобар голман, таа доби втора награда најдобар голман на цел Ф-4.  Едноставно го потврди квалитетот кој е толку очигледен. Зимското засилувања, Сара Стефановска беше најдобар лев бек, а пак Бојана Коцева е најдобар среден бек на финалето. Таа ја доби и наградата МВП, најдобар играч на цел турнир.

Поврзани вести:

-> (Фото+Видео) Коцева, Стефаноска и Ѓорѓиевска со лични признанија на Ф-4, вардаровите пионерки “крунисани“

> (ВИДЕО) Цел меч! Како „лавиците“ ја совладаа Стружанка во финалето за пионерска титула