Пионерките на РК Вардар се шампиони на Македонија, откако во големото финале ја совладаа екипата на Металург. Завршниот турнир на најдобрите четири екипи се играше во спортската сала во населбата Автокоманда, каде на крајот првото место го освои екипата на Вардар. Прво во полуфиналето избраничките на Ристова и Пецевска го победија тимот на Куманово, за во финалниот дуел да излезат како подобри и против Металург (20:24). Ова е голем успех за нашите пионерки, со оглед дека тие се единствената младинска ракометна екипа, која се закити со златниот медал во сезоната која измина. Малку недостасуваше истава екипа да се пласира на завршниот турнир и во кадетската лига, каде се натпреваруваа во повозрасна генерација, но само поради послаба гол разлика не добија можност да се борат за првото место и во кадетска конкуренција. Вардарки во текот на целата сезона покажаа врвен ракомет, со оглед дека на 12 одиграни натпревари имаа исто толку победи. Секогаш добар голман е половина екипа, а пионерките имаа токму таков, во името на Јована Трајкоска, која има огромна заслуга за шампионскиот трофеј.
-После одиграната кадетска лига имавме големо искуство иако таму не успеавме да се пласираме во фајнл фор, сигурни бевме дека ке покажеме одлична игра во пионерската лига со девојките на наша возраст.Уште на почетокот бевме мотивирани и цврсти се до последните минути на натпреварите. Од самиот почеток очекувавме високи резултати и влез во фајнл форот каде што сакавме да докажеме дека можеме да го освоиме првото место.На крајот за среќа очекувањата заслужено се остварија. Фајнл форот беше доста тежок бидејки знаевме дека треба да се соочиме со најјаките екипи кој стигнале до истиот. На полуфиналниот меч сите бевме возбудени и имавме позитивна трема, но цврсто се појавивме на теренот и одигравме онака како што беше планирано до последната минута никогаш не се откажавме без разлика колку разлика водевме. После победата во полуфиналниот меч бевме среќни за пласманот во финалето и уште повеќе мотивирани да го освоиме златото.
На финалниот натпревар против Металург, Трајкоска имаше висок процент на одбранети удари. Таа беше инспиратор за високата предност која ја имаше Вардар на полувреме. По одигрување на мечот беа доделени и награди за најдобрите играчи. Признанието за најдобар голман заврши во рацете на Јована Трајкоска.
-Среќна сум на мојот тим што се потруди да изигра цврсто во одбраната, при што помогнаа и на моите одбрани. Јас дадов се од себе за да помогнам мојот тим да стигнеме заедно до златото. Се трудев да имам се повеќе одбрани и верував во себе. Благодарна сум и на мојот тренер на голмани Александар Царчев кој ме бодреше на утакмиците и кој е заслужен за јас да постигнам голем успех. Успехот и првото место немаше сигурно да ги постигнеме, доколку на клупатане беше тренерскиот тандем, Ристова и Пецевска, кои имаат голема заслуга за нашиот напредок како генерација. Наградата за најдобар голман ме прави среќна и ме мотивира да продолжам понатаму со уште многу работа за да стигнам да ја остварам мојата желба и еден ден да застанам на голот на мојата репрезентација.
Звонко Ивановски