Вчера, се одигаа последните два женски дуели во Јуниор лигата, на мечевите во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ тимовите на РК Кале и РК Драчево дојдоа до победи.
Дамите на РК Кале во еден изедначен дуел го добија тимот на РК Будимир со 13-12 (8-8). Првиот дел беше постојано рамноправен, беше 1-1,2-2, 3-3, 4-4, 5-5, 6-6 и на крајот 8-8. Победникот се доби во вториот дел кога во последната минута влеговме со 12-12 по што тимот од Кичево погоди за победа 13-12.