Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Совладана и Стружанка, младите вардарки стигнаа до третата победа во супер-лигата
Совладана и Стружанка, младите вардарки стигнаа до третата победа во супер-лигата

Совладана и Стружанка, младите вардарки стигнаа до третата победа во супер-лигата

Младиот состав на ЖРК Вардар стигна до третата победа во супер-лигата, откако денес во големата сала на С.Ц. Јане Сандански избраничките на Симовски и Ристова ја совладаа екипата на Стружанка.

Вардарки добро го започнаа натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 6:2. Во следните минути екипата на Стружанка успеа да постигне два гола во серија и да го намали резултатот на 6:2, но избраничките на Симе Симовски вратија со два погодоци, по еден на Ангела Костовиќ и Ивона Трпевска, за повторно да имаме предност од четири голови разлика (6:2). Добро бранеше на нашиот гол Грујовска која спречи два удари на противникот,во тој момент вкупно пет одбрани зад нејзиното име, што беше повод за Стефанија Ѓорѓиевска да постигне гол и да зголеми на највисоки 10:5.

43349958_1882157238497780_6335471413259927552_n

Следеше пад на нашата игра, што им овозможивме на Стружанка да постигне три гола во серија и да го намали резултатот на 10:9 во 23 минута од мечот. Следеше тајм-аут на Симовски, што даде резултат. Следеше серија на нашиот тим од 2:0 и со голот на Ана Марија Коларовска поведовме со 12:9. Сепак до крајот на првото полувреме падна концентрацијата кај нашите девојки, па гостинската екипа од Струга успеа да го израмни резултатот на 12:12, кој беше актуелен и на полувреме.

43294889_1882157228497781_8904187943069941760_n

Откако не ги реализиравме првите два напади, прв гол во вториот дел постигна Џатевска за да го врати водството на Вардар од 13:12. Кога помисливме дека ќе се одлепиме резултатски со голот на Петковска (14:12), екипата на Стружанка прави серија од 0:3 и за прв пат на мечот имаше предност од 14:15 во 37 минута од нтпреварот. Во следниот напад, преку Коларовска која реализира удар од седум метри израмнивме на 15:15, после што следеа два нови последователни голови на вардарки за да имаме водство од 17:15.

43253517_1882157245164446_4582543883639980032_n

Истава позитива од два погодоци ја имавме кога погоди и Седлоска од пенал, додека со голот на крилото Трпевска стигнавме до солидно водство од 21:18 во 48 минута од мечот. Во вториот дел на голот на Вардар беше Јована Трајковска која исто така имаше солидно издание и доприносе за својот тим да победи на крајот.Вардарки осетно се одлепија и беа поблиску до победата кога со два последователни голови на Ивона Трпевска зголемивме на 24:19 на шест минути пред крајот на натпреварот. До крајот ја задржавме предноста и на крајот славиме со резултат 27:25.

Најефикасни во нашиот состав беа Андреа Седлоска и Ивона Трпевска кои постигнаа по 6 голови. Мирјана Петковска постигна 4, додека Ана Марија Коларовска постигна 3. Марија Гоцевска, Ивана Џатевска и Ангела Костовиќ постигнаа по 2 гола. Еден гол имаа Ангела Гроздановска и Стефанија Ѓорѓиевска. Ова беше трета победа за екипата на Вардар, која има уште еден пораз и еден нерешен резултат во супер лигата.