Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 3.коло! Вардар со Металург и Куманово се одвоија на врвот со максимални 9.бода
Преглед 3.коло! Вардар со Металург и Куманово се одвоија на врвот со максимални 9.бода

Преглед 3.коло! Вардар со Металург и Куманово се одвоија на врвот со максимални 9.бода

Зад нас е 3.коло во женската Супер лига, по кое на врвот на табелата очекувано се издвоија три тима. Покрај нашиот ЖРК Вардар со по 9 максимални бодови се уште и другите два претеденти за насловот, екипите на Металург и Куманово.  

Во ова коло, Гевгелија како гостин успеа да го совлада тимот на Алушевски, гевгеличанки во напреварот на двата тима кои беа без победа ги впишаа првите бодови со победа 32-35.  Во Прилеп, Деспина дојде до првата победа сезонава откако го совлада гостинот од Св.Николе, тимот на Овче Поле со резулта 24-16. Пелистер кој дефинитивно не е на нивото од измината година, успеа да го совлада само со пет гола тимот на Ѓорче Петров, мечот заврши со резултат 31-26.

Двата наши ривала за титулата немаа сериозни проблеми, тие обезбедија лесни и високи победи на гостувањата кои ги имаа. Актуелниот шампион на земјава, Металург како гостин победи кај Спартак со резултат 19-38, Куманово во Населба Илинден триумфираше убедливо со РК Кузман со резултат 15-40.  Тимот на Чаир беше слободен оваа рунда.

0000

Вардар гостуваше кај Стружанка, кај тимот кој секогаш игра одлично на домашен терен и фаворитите се мачат да остварат успех. Првиот дел започна со нивно водсто, ние успеавме да направиме пресврт пред крајот на полувремето. Сепак за замина на пауза со реми 14-14. Вториот дел беше релативно изедначен, во 54.минута они водеа 24-23. Во клучниот дел од мечот правиме серија 1-6 и триумфираме со резултат 25-29 освојувајќи значајни бодови. Кај нас Диневска имаше 10 гола, Седлоска 9, Илиќ впиша 11 одбрани, а Грујовска фати 4 удари.

Идното, 4.коло се игра  во текот на оваа работна недела, вака изгледаат двојките: