Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Олгица Костовска за Вардарфанс:Играме за клуб,во кој секој би сакал да настапува.
Олгица Костовска за Вардарфанс:Играме за клуб,во кој секој би сакал да настапува.

Олгица Костовска за Вардарфанс:Играме за клуб,во кој секој би сакал да настапува.

Едно свое видување за постигнатите резултати на младинките на Жрк Вардар по првиот дел од сезоната ни даде нивниот голман Олгица Костовска.

-Од првата полусезона и од моите соиграчи сум многу задоволна и горда,затоа што на сите натпревари дадовме се од себе и ги исполнивме очекувањата на тренерот а воедно и нашите.

Шест победи и три порази е епилогот од полусезоната за младинскиот состав.

-Имаше нормално падови во нашата игра,но се тоа заедно со помош на тренерите го исправивме во позитивна насока и во наша корист.Изгубените натпревари се само лекција за тоа како понатаму да продолжиме.Научени сме дека поразот е составен дел на спортот,а и бројките на семафарот во текот на натпреварот се само бројки кои постајано се менуваат и се одраз на нашата игра.

Големи се очекувањата за вториот дел од сезоната.

-Верувам во нашата екипа затоа што е полна со квалитет,на кој треба напорно да се работи.Имаме подршка како од најблиските,така и меѓу самите себе.За вториот дел од сезоната очекувам добри натпревари,секако ние да излеземе како победници.Очекувам добра квалитетна игра каква и што следи.

Самите свесни дека настапуваат за најголемиот спортски бренд во Македонија,и играат за црвено-црните бои кои треба да се заслужат.

-Ги имаме сите услови,продолжуваме со напорна работа,добри резултати,затоа што играме за клуб во секој сака да настапува.Ние нашето место нема лесно да го дадеме,изјави Олгица Костовска само за нашиот сајт.

20.12.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply