Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија го совлада убедливо Косово, 9.гола „дело“ на вардарки
Македонија го совлада убедливо Косово, 9.гола „дело“ на вардарки

Македонија го совлада убедливо Косово, 9.гола „дело“ на вардарки

Кадетските репрезентативки на Македонија тргнаа   убедливо на ЕХФ шампионатот. Тие попладнево   го победија Косово со високи 33:15.

Одлично отворивме, па по  пет минути беше 3:0 за нас, а откако противникот реализираше следуваа уште неколку погодоци во серија и во 20. минута веќе беше 13:1 , на одмор се замина со 17:5. Вториот дел не донесе никакво изедначување и дојдовме до висока победа од 33:15. Ова е важен  триумф пред утрешниот дуел со домаќинот Литванија.

Вардарки погодија 9пати и тоа: Равојска 2, Тошевска, Коцева 3, Пешиќ 1, Коцева 3.

МАКЕДОНИЈА: Јовановска (7 одб.), Кирова (11 одб.), Нестороска, Спасевска 1, Коловска, Јанкуловска 6, Дукоска 5, Равојска 2, Тошевска, Коцева 3, Пешиќ 1, Еленин 5, Богојеска 1, Ризоска 1, Коцева 3, Младеновска.