Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките во дербито го совлaдаа ЖРК Металург и на 2.кола до крај се лидери на табелата
Кадетките во дербито го совлaдаа ЖРК Металург и на 2.кола до крај се лидери на табелата

Кадетките во дербито го совлaдаа ЖРК Металург и на 2.кола до крај се лидери на табелата

Во кадетската лига, во групата-А на лидерската позиција по 7.коло се до вчера,  беше нашиот Вардар со максимални 21.бод, зад нас со 18.бода и со само еден пораз (од нас) е тимот на ЖРК Металург.

Во вчерашниот натпревар од  8.коло овие два тима  се соочија во дербито за врвот на табелата, девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева го добија дербито со 27-20, по што на две кола до крајот се лидери на табелата и веќе имаат обезбеден, уште сега пласман во разигрувањето за титулата.

Заигравме помотивирирано на самиот почеток, одлични беа нашите млади дами во одбраната и со расположен голман па создадовме серија, поведовме во дербито со  високи 5-0. Ривалот се врати во мечот и значајно ја намали нашата предност кога дојде до минус два (8-6) некаде на средината на првиот дел. Девојките на Платон и Папуџиева не дозволија да им се доближи ривалот, напротив се вративме во ритам и ја вративме предноста од пет гола до пред одморот. На пауза заминавме со резултат 13-8 во наша корист.

99999

Противникот се обидуваше да намали ама успеа да дојде само до 16-12, по што следуваше нова серија, со три врзани гола отидовме на седум плус, прв пат имавме седум позитива при резултат 19-12. Од тој момент до крајот на натпреварот кој се одигра во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода сите „конци“ беа во нашите раце, мајсторски ја зачувавме предноста и со седум гола дојдовме до победа, ние триумфиравме со резултат 27-20.

На ова дерби Сара Стефановска и Бојана Коцева  беа први стрелци со по 6 гола, еден помалце имаше Бојана Радевска (5 гола),  борбената Борјана Коцева  дојде до 4 погодока, бекот Наталија Максимовска впиша  2 гола. Додека, Сара Стојановска,  Јана Равојска, Миа Маринчов и Магдалена Тошевска ја тресеа мрежата на Металург по еднаш. На голот одлична беше Вероника Ѓорѓиевска со 9.успешни интервенции на оваа соочување со градскиот ривал.