Пази…Вардар гази..
-Ова „девиза„ дефинитивно важи за избраничките на Ристова и Царчев. Црвено-црните дами, денес во рамки на 7.коло гостуваа кај тимот на РК Шампион. Дојдовме до победа со 17.гола против тимот кој прва сезона се напреварува во лигата. Започнавме рамноправно, потоа дојдоа нашите минути, денес во нашите редови ја имавме расположената голманка Грујовска, која повторно брани во репрезентативна форма и беше двоцифрена, таа фати дури три пенала.
Домаќинот отвори со два гола и поведе со 2-0, ние преку Галевска Марија, Трпевска Ивона и Џатевска Ивана веднаш направивме пресврт и го преземавме водството. Домаќинот кој има солиден тим се обиде на ја одржи резултатската неизвесност и четири пати видовме резултатска симетрија на семафорот (3:3, 4:4, 5:5, 6:6). Од овој момент па се до крајот на првиот дел, ние бевме тимот кој доминира на теренот. Ја подобривме одбраната, Грујовска Симона влезе во добро препознатлив ритам за неа, па до крајот се одлепивме. Тимот на Шампион постигна само три гола, ние дури десет до паузата. На одмор заминавме со резултат 9:16.
Вториот дел го започнавме фуриозно, Грујовска беше несовладлива. Во ритам влегоа капитенот Бојана Диневска и Михаела Стојановска. Вториот прериод го отворивме со одлична серија, која изненсуваше 0-7, по која се беше јасно. Ние поведовме со 14.гола повеќе односно со резултат 9:23. Се до крајот на дуелот беше чиста формалност, победата дојде со резултат 17:34. Ова е шеста победа на шестиот дуел оваа сезона, ние досега „собравме“ максимални 18.бода во првенството.
Грујовска Симона денес блесна, таа беше несовладлива препрека за домашниот тим. Единствена со двоцифрен учинок, имаше одлични 11.одбрани, таа сопре неверојатни 50% од ударите упатени кон нејзиниот гол. Три девојки имаа по „5-ка“ зад своето име, пикерот Џатевска Ивана која имаше 100% учинок од работ на казнениот престор и капитенот Диневска Бојана. Толку одбрани имаше и на голот Илиќ Андреа. Дури пет девојки дојдоа до три гола, големиот талент прекомандуван од „лавиците“ во овој тим, Стефанска Сара девојка пред која е блескава иднина, потоа крилото Трпевска Ивона, овогодинешното засилување Попова Јасмина. На листата со три гола се уште и девојката која игра одлична сезона, Сара Миновска и денес активната, Костовиќ Ангела.