Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар до 4/4 по победата над Пелистер, Грујовска и Трајкоска двоцифрени
ЖРК Вардар до 4/4 по победата над Пелистер, Грујовска и Трајкоска двоцифрени

ЖРК Вардар до 4/4 по победата над Пелистер, Грујовска и Трајкоска двоцифрени

Одличен ритам има ЖРК Вардар, во воведните 4.кола дојде до 12.бода. Денес на мечот со Пелистер во Јане Сандански, девојките на Ристова и Царчев победија со 39-17 во дуел во кој доминираа, особено по 15.минута. Голманките Грујовска и Трајкоска денес беа во елемент и сопреа 26.удара.

120302167_10218154101506211_3243700885426016926_o 120301701_10218154099026149_3233299853276535180_o
Натпреварот започна со постојано водство на вардарки од еден гол, но и изедначување од ривалот. Ние поведувавм,е тие анулираа се до 5-5 во 14.минута. Потоа почнаа наши минути, црвено-црната одбрана заигра помотивирано, Симона Грујовска не дозволи се до 24.минута да биде совладана. Тргнавме во серија, претежно казнувавме од контри преку Трпевска, Васевска и Лазаровска. Токму со голот на последната поведовме со 12-5 по серија 7-0 во 24.минута. Највисоката предност ја имавме во 28.минута кога поведовме со осум гола (15-7), Грујовска одбрани и фрли контра до Диневска која ефектно погоди. На одмор заминавме со резултат 15-8.

120258812_10218154100746192_6494694966451213321_o 120227810_10218154101346207_43701109336584586_o 120225187_10218154101466210_4215566017216317868_o
Вториот дел го отворивме со голот на пикерот Џатевска, со кој поведовме со 16-8. Прв пат двоцифрената граница ја минавме во 36.минута по една одбрана на Трајкоска, по брза контра погодивме преку Фани Ѓорѓиевска за 19-9. Вардар имаше контрола на мечот, па по 10.минут игра со голот на Марија Галевска поведовме со 23-12. Ристова комбинираше одлично, давајќи шанса на целиот ростер, сите девојки одиграа на високо ниво. Со атрактивниот гол на Марија Галевска кога погоди силно во стативата и топката се заби во мрежата точно на 10.секунди до средината на вториот дел поведовме со 15.гола (27-12). Денес, одлично одигаа девојките кои имаат и помали минутажи, а добија прилика Попова, Васевска, Лазаревска, Трајкоска и Паковска. До 20.плус дојдовме во 56.минута откако, Миновска Сара мина неколку ривалки и атрактивно стрелаше за 36-16. Вардарки сите заедно одигаа еден одличен меч за максимални 12.бода по 4.кола пред паузата поради ЕХФ-неделата. Победата дојде на крајот со резултат 40-17.

Ивана Џатевска беше перфектна таа имаше 6.гола од 6 удара, по пет гола имаа Бојана Диневска и Ивона Трпевска. По четири пати погодија на денешниот меч, Марија Галевска и Стефанија Ѓорѓиевска.

5
Голманките имаа одлични перформанси денес тие заедно сопраа 26.топки. Покрај тоа имаа две одбрани за одбележување со посебна атракција, Грујовска во 29.минута со нога успеа да сопре топка во висина на гредата, Трајкоска во 54.минута имаше атрактивна двојна одбрана. Првиот дел го започна Симона таа имаше 10.минути без примен гол кога го „кршевме“ ривалот, таа имаше 11.одбрани. Трајкоска дојде на својот прв меч оваа сезона до бројот 15.