На денешниот натпревар од младинската лига, Вардар беше домаќин во “Круме Кепески” на тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. На оваа средба девојките на Царчев и Платон со убедлив настап остварија триумф со резултат 36-24 (24-10).
Вардарки тргнаа силовито на ова дерби во младинската лига. Ги затворија приодите кон голот на Ѓорѓиевска, во напад погодуваа од позициона игра и од контра-напади. На голот Вероника Ѓорѓиевска редеше одбрани во напад погодуваа Коцеви, Миленковска, Стефаноска и Радевска па точно на средината на првиот дел Симовски побара тајм-аут при високи 13-2 за црвено-црните младинки. Следеа пет минути на израмнет ракомет и по четири гола во двете мрежи за 17-6 на семафорот. Потоа продолжи нашата доминација и направивме серија 4-0. Со две одбрани на Ѓорѓиевска и погодоци на Миленковска и Стефаноска поведовме со 15.гола повеќе при резултат 21-6. На одмор се замина со 24-10, резултат кој го постави Миленковска на повеќе од една минута до крајот на првиот период.
Вториот дел не смени многу во однос на силата на теренот иако нашата клупа започна со ротации во ростерот. Со голот на Франгоска која доби прилика во вториот дел за настап во 44.минута отидовме на 16.гола позитива при резултат 29-13.
Девојките делумно се опуштија поради високата предност па следеше серија на гостинот кој со 2-7 намали на 31-20 во 51.минута. На сцена стапи Попова која со неколку убави гола од пикер не врати на нивото од претходно. Победата дојде со резултат 36-24.
Вардар: Ѓорѓиевска (17.одбрани), Борјана Коцева 3 , Радевска 4 , Стефаноска 8, Бојана Коцева 5, Велјаноска, Миленкоска 8, Тодоровска, Симоновска, Н.Попова 7, Галачова (5.одбрани), Франгоска 1, Хасановиќ (1.одбрана), Ј.Попова и Стојчевска.