Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 3.коло, кадетки: Вардар и Металург го делат врвот, лидерот ќе го даде меѓусебниот дуел
Преглед 3.коло, кадетки: Вардар и Металург го делат врвот, лидерот ќе го даде меѓусебниот дуел

Преглед 3.коло, кадетки: Вардар и Металург го делат врвот, лидерот ќе го даде меѓусебниот дуел

Во женската кадетска лига се одигаа три кола, по ова 3.коло во Групата-1 каде што игра тимот на Платон и Папуџиева, пионерскиот состав на Вардар само два тима се 100%. Ние и ривалот од Автокоманда, Металург.

2-23

Во ова 3.коло тимот на РК Шампион во еден неизвесен дуел со само еден гол дојде до победа во соочувањето со екипата на Ѓорче Петров. Вардарки кои сезонава ја бранат титулата во оваа конкуренција, гостуваа во Илинден кај екипата на ЖРК Кузман, тие по крајот на првите 30.минути водеа со 13.разлика па прашање беше само со колкава предност ќе победат на крајот. Кај нас во победата со 16-40 се истакнаа со по шест гола  Пешиќ и Крагељ. Коцева Бојана погоди пет пати. Металург исто гостуваше во н.Илинден, кај „жилавиот“ РК Илинден. Тие дојдоа до нова победа со 14-30, во тимот на сино-белите од Автокоманда се истакаа со своите игри две поранешни вардарки, крилото Петковска Мими и голманката Станчева Ивана.

 m m2

РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО ГРУПА-1:

РК ШАМПИОН – РК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 26:25

*РК КУЗМАН  ИЛИНДЕН – ЖРК ВАРДАР  16:40

* РК ИЛИНДЕН – ЖРК МЕТАЛУРГ 14:30

На табелата веќе се одвоија два тима, Металург и Вардар се максимални со по девет бода. Веќе по три кола имаат плус шест пред останатите тимови. Очигледно е дека во последното 5.коло во меѓусебниот дуел ќе се дознае екипата која ќе „презими“ како лидер во оваа кадетска група. Во женската кадетска конкуренија сезонава има 3 групи, па само лидерите по крајот на регуларниот дел имаат загаранирано место на Ф4.

ТАБЕЛА ПО 3.КОЛА:

ТАБЕЛА ПО 3.КОЛА: