Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште едно финале за РК Делчево, кај генер. 20002/03 против екипата на РК Шампион

Уште едно финале за РК Делчево, кај генер. 20002/03 против екипата на РК Шампион

Во спортската сала на О.У. Круме Кепески се играа полуфиналните натпревари во женскиот дел кај генерација родени 20002/03 година. Веќе се познати финалистите во оваа генерација, а тоа се екипите на РК Делчево и РК Шампион.

Во првото полуфинале се сретнаа екипите на РК Делчево и РК Будимир. Поуспешни беа Делчево кои славеа со резултат 13:7. Интересно е што стартот на натпреварот им припадна на РК Будимир кои поведоа со 0:2, но потоа следеше голема серија на Делчево од осум последователни голови,з а на полувреме да имаат високо водство од 8:2. И во вториот дел, избраничките на Велков ја контролираа играта, а највеќе што успеа да стори екипата на Будимир е да намали на 10:5. Завршните шест минути беа рутина за Делчево кои го задржаа водството и славеа со резултат 13:7.

Во второто полуфинале се сретнаа екипите на РК Шампион и РК Урдаревски. На овој меч немаше многу голови и конечниот резултат гласеше 5:3. Во првиот дел се играше гол за гол и на полувреме се замина со водство од 3:2. Во второто полувреме, Урдаревски израмни на 3:3, но последните два гола и припаднаа на РК шампион. Мила Филиповска постигна 2 гола кај победничкот тим.

Така во големото финале на оваа генерација ќе се сретнат екипите на Делчево и Шампион.