Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Савевски со шест вардарки на поширокиот список за баражот против Украина
Савевски со шест вардарки на  поширокиот список  за баражот против Украина

Савевски со шест вардарки на поширокиот список за баражот против Украина

Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска EHF Недела која започнува од 03.04 ќе оддигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на 2023 Women’s World Championship.

2023 Women’s World Championship ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 Ноември до 17 Декември 2023 година.

На 2023 Women’s World Championship покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.

Сениорките натпреварите ќе ги оддиграат на 08 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го оддиграат реванш натпреварот за пласман на 2023 Women’s World Championship во Кишварда, Унгарија.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ

На списокот се 6 девојки од Вардар: Сара Миновска, Бојана Диневска, Ивона Трпевска, Ивана Џатевска и сестрите Коцеви.