Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампион.. ЖРК ВАРДАР Е МЛАДИНСКИ ПРВАК
Шампион.. ЖРК ВАРДАР Е МЛАДИНСКИ ПРВАК

Шампион.. ЖРК ВАРДАР Е МЛАДИНСКИ ПРВАК

Убав црвено-црн ден, по влезот  ФК Вардар во првата лига, доаѓа уште една убава вест. ЖРК Вардар е Шампион во младинската лига.

Девојките во финалето денес на нивни терен го совлада Ѓорче Петров-ЖРК пресврт, титулата дојде со реултат 29-32.

Најпрвин поведовме со 2-4 на почетокот, но домаќинот се врати и изедначи на 8-8. Беа во налет и на одмор заминаа со позитива 16-14, но желбата кај нас беше очигледна за победа. Нападнавме во вториот дел со цел да ја вратиме резултатската симетрија, успеавме при 20-20. Нашата храбра игра донесе целосен пресврт и победиме со три гола, односно ова финале на младинскиот Ф-4 го добивме со 29-32.

Стефаноска Сара ја круниса одличната сезона со 13.гола, крилото Јана Равојска имаше 10.гола. Марија Галачева сопре 12.топки, Вероника Ѓорѓиевска фати 2.пенала во вториот клучен период.