Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска прв пат на списокот за А-селекцијата, на истиот се и пикерското дуо Џате-Кате
Миновска прв пат на списокот за А-селекцијата, на истиот се и пикерското дуо Џате-Кате

Миновска прв пат на списокот за А-селекцијата, на истиот се и пикерското дуо Џате-Кате

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за квалификациските натпревари за Светското првенство кое ќе се игра во 2021 година. На поширокиот список има 35 имиња, квалификациските натпревари ќе се одиграат во периодот од 19 до 21 март, а ривали на Македонија се Исланд, Литванија и Грција.

Вардар на списокот има три девојки од првиот тим.  За првпат деби појавување на список за А-селекција има Сара Миновска. Капитенката на кадетска селекција на Македонија (на последниот ЕХФ Шампионат) игра во одлична форма и ова е потврда на нејзиниот несебичен труд. Тука е Ивана Џатевска која има неколку настапи за А-селекција, и третта е Катерина Дамјаноска која досега има еден собир со А-тимот полани во декември.

poshirok-spisok-zhenska-seniorska-reprezentatsija-women-s-wch-qualification-tournament-page-001