Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките домаќини на Ѓорче Петров-ЖРК
Кадетките домаќини на Ѓорче Петров-ЖРК

Кадетките домаќини на Ѓорче Петров-ЖРК

Утре, сабота (27/11/2021) кадетската екипа на ЖРК Вардар ќе го игра својот прв натпревар во новата сезона. Станува збор за дуел од 2.коло (1.коло беше одложено поради деновите на жалост во Македонија) кој го играме дома.

Во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаме екипата на Ѓорче Петров-ЖРК. Дуелот на девојките на Платон Анжела и Папуџиева Марија со скопскиот ривал ќе започне во 13-00 часот.