Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова рутинска победа, вкупно 18 за вардарки во женската Cупер лига
Нова рутинска победа, вкупно 18 за вардарки во женската Cупер лига

Нова рутинска победа, вкупно 18 за вардарки во женската Cупер лига

Нова лесна и рутинска победа за Вардарки, на натпревар од женската супер лига, што беше вкупно 18-та за нив од исто толку одиграни мечеви. Противник во С.Ц. Јане Сандански ни беше екипата на Деспина која ја совладавме убедливо со резултат 21:52.

Уште на стартот на дуелот, избраничките на Дибирова резултатски се одлепија од противникот, кога при резултат 1:2 направија серија од 1:6 и поведоа со 2:8. Како одминуваше натпреварот, така се повеќе растеше предноста во корист на црвено-црните. На секој гол на Деспина, нашиот шампион одговараше со серија од неколку погодоци, за да стигнат и до двоцифрена предност од 6:16. До истекот на првите 30 минути, само се зголеми и на одмор се замина со водство од 9:22.

Стартот на вториот дел им припадна на противничката екипа, кои ги постигнаа првите два гола и намалија на 11:22. Сепак во следните десет минути, вардарки направија серија од 4:11 и поведоа со најголеми 15:33. До крајот на натпреварот беше само чиста рутина за девојките на Вардар, кои слават убедливо со резултат 21:52.

 Ристовска беше најефикасна со 13 голови, додека Петровиќ и Керамичиева постигнаа по 8 голови.

Вардар: Мицевска, Суслина, Кликовац 6, Саздовска 6, Кузнецова 7, Бајрамовска 1, Керамичиева 8, Лакрабер 2, Хмирова 1, Петровиќ 8, Ристовска 13.