Сосема очекувано екипата на ЖРК Вардар успеа да обезбеди финале во купот на Македонија. Денес во спортската сала во населбата Автокоманда започна завршниот турнир на најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Вардарки полесно од очекувањата триумфираа во дуелот против Гевгелија, со голема разлика од 56:16.
Самиот резултат говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете екипи. Црвено-црните постигнуваа лесни голови преку контра-напади, а во одбраната немаа проблеми да се спротивстават на ударите на противникот. На полувреме имавме убедливо водство од 9:25. Во вториот дел постигнавме уште повеќе голови, а напротив примивме само седум. Целиот натпревар беше само рутина, полесен тренинг и загревање за утрешноот финале против екипата на Металург, која во другото полуфинале го совлада Прилеп.
Интересно Сара Ристовска постигна повеќе голови од цела екипата на Гевгелија, или вкупно 17, додека другоот крило, Камила Херем запиша 16 голови. Вардарки го бранат трофејот од минатата сезона, а доколку го повторат успехот тоа ќе биде за нив вкупно петти трофеј во историјата на клубот.
ВАРДАР: Кликовац 2, Херем 16, Дамњановиќ, Лазовиќ, Илина 2, Алтхаус 2, Човиќ 6, Суслина, Хмирова 10, Песоа, Ристовска 17.