И оваа сезона тимот на Ѓорче Петров-ЖРК од 26 до 28 август ќе го организира вториот меѓународен турнир “Ѓорче Куп 2022”. На ова издание на турнирот ќе учествуваат три екипи од Македонија и три екипи од странство. Од домашните екипи учество ќе земат Ѓорче Петров, Вардар и Овче Поле Славјански Универзитет, потоа српските суперлигаши Бор и Бекамент, како и Борац од Бања Лука , Република Српска-БиХ
Екипите ќе бидат поделени во две групи и секој тим на почетокот ќе одигра по два натпревари. Првопласираните екипи од првата и втората група ќе го одиграат финалето на турнирот закажано за 28 август.
Во групата А ќе играат екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Бор, во другата група ќе бидат Овче Поле Славјански Универзитет, Борац Бања Лука и Бекамент.
Организаторот на турнирот ги одреди и саатниците на сите натпревари, кои ќе се играат на отвореното игралиште покрај “Камин Кама”.
26.08 (петок)
18:00 часот, Ѓорче Петров – Вардар
20:00 часот, Бекамент – Борац
27.08 (сабота)
10:00 часот, Овче Поле СУ – Борац
12:00 часот, Бор – Вардар
18:00 часот, Овче Поле СУ – Бекамент
20:00 часот, Ѓорче Петров – Бор
28.08 (недела)
10:00 часот, натпревар за петто место
18:00 часот, натпревар за трето место
20:00 часот, финале