Женската сениорска репрезентација во ноември ја очекува голем предизвик со настапот на Европското првенство во Македонија. Селекторот Љубомир Савевски го објави поширокиот список од 35 ракометарки, од кои ќе ги одбере оние 20 што ќе ги започнат подготовките кон крајот на октомври. ЕП ќе се игра од 4 до 20 ноември, а нашите ракометарки ќе бидат во група со Франција, Романија и Холандија.
На списокот се најдоа пет девојки од црвено-црните: сестрите Коцеви, Џатевска, Трпевска и Миновска.