Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втора победа за Цвијиќ и Лекиќ на СП, Радичевиќ втор стрелец во поразот на Црна Гора од Русија
Втора победа за Цвијиќ и Лекиќ на СП, Радичевиќ втор стрелец во поразот на Црна Гора од Русија

Втора победа за Цвијиќ и Лекиќ на СП, Радичевиќ втор стрелец во поразот на Црна Гора од Русија

На Светското ракометно првенство кое се игра во Германија, натпревари во рамките на второто коло имаа и ракометарките кои доаѓаат од Вардар, а настапуваат за своите репрезентации.

Црна Гора го доживеа првиот пораз на мундијалот, против селекцијата на Русија. Во еден квалитетен дуел и незвесен дуел на крајот славеше “зборнаја“ со резултат од 24:28. Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол, а Русија во последните осум минути успева да се одлепи најпрво на два гола, а по истекот на првите 30 минути имаа и водство од 12:15.

vardarfans-sp

Во вториот дел во два наврати Русија имаше предност од највисоки четири голови, но избраничките на Јохансон не помислија да се предадат, па полека но сигурно ја топеа негативата, кога во 49 минута со голот на Булатовиќ израмнија на 21:21. Во следните пет минути уште на два пати беше израмнет резултатот, но во последните седум минути подобро се снајде Русија која искористи неколку грешки на Црна Гора и на крајот стигна до триумф, изразен со резултат од 24:28.

Во репрезентацијата на Црна Гора, вардарката Јованка Радичевиќ беше стрелец на пет голови.

Србија стигна до втора рутинска победа на СП, овој пат совладувајќи ја селекцијата на Камерун. Избраничките на Обрадовиќ имаат предност од 9:0, за првиот гол Камерун да го постигне од седум метри, а потоа ушт два во серија за намалување на резултатот на 9:3. Сепак Србија беше пресилна за Камерун, па немаше поголеми проблеми за да ја запише втората победа на мундијалот. Во 21 минута стигнаа и до двоцифрена предност од 14:4, за на полувреме да се замине со резултат 20:9. Рутинска игра и со половина сили во второто полувреме, Србија успева да слави со резултат од 34:21. Драгана Цвијиќ постигна два гола, додека Андреа Лекиќ се уште се чува за главните предизвици на мундијалот. Во вторник, Србија го има првиот посериозен тест и тоа против домаќинот, репрезентацијата на Германија.

Прва победа на мундијалот и за селекцијата на Франција, која триумфираше во дуелот против Ангола. Резултаот на овој натпревар гласеше 19:26. По првото полувреме, триколорите имаа предност од 10:11.