Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со „63ка“ за Кузман, Трајкоска блесна со 17.одбрани

ЖРК Вардар со „63ка“ за Кузман, Трајкоска блесна со 17.одбрани

j2-627x330

Денес во последниот дуел пред Ф-4 турнирот во Купот на Република Македонија, ЖРК Вардар гостуваше кај најмладиот тим во лигата, екипата на РК Кузман. Сосема очекувано девојките на Ристова и Царчев дојдоа до лесна и висока победа над „фенерџијата“ во лигата.

Се беше решено уште на почетокот на првиот дел, најпрвин со головите на Диневска Бојана и Ивона Трпевска отворивме со 0-2. Домаќинот врати и ја преполови преднста на црвено-црните (1-2), ние продолживме во пеколен ритам и по 7-8.минути водевме со плус пет (2-7). Доминиравме во првите 30.минути и ги добивме со високи 07-30. Кај нас особено се истакна на голот Трајкоска Јована со одлични 17.одбрани во овој период.

Во вториот дел ништо не се случуваше поразлично од првиот период на оваа средба. Вардарки како никогаш до сега во сениорската лига ја минаа границата од 60-погодока. Втората „пуленка“ на Царчев Александар, Илиќ Андреа исто така во овој дел бше несовладлива и одбрани 13.удари. Победата дојде со резултат 16-63 на овој дуел одигран во салата „Кочо Рацин“ во скопската населба Петровец.

Трпевска Ивона погоди 10.пати, Златица Васевска покажа дека поседува квалитет и денес стрелаше во 9.наврати, Сара Минивска погоди 7.пати (100%ефект). Катерина Дамјановска погоди 5.пати колку и Диневска Бојана. По 4 гола имаа: Јасмина Поповска, Сања Цветковска, и Ивана Џатевска.
Јована Tрајкоска имаше одличен меч 17.одбрани (високи 70%), Илиќ сопре 13.топки и имаше околу 60% ефект.