Во рамките на 4.коло во женската ракометна Супер лига, вардарки гостуваат кај екипата на Гевгелија.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 12:00 часот во салата 26-ти април. Рубин Седлоски и Горан Ангелески и двајцата од Прилеп ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Илија Цветковски, исто така од Прилеп.
Вардар има скор од две победи и еден нерешен резултат, додека Гевгелија е на последното место на табелата без освоен бод.