Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ја “потопи“ Гевгелија, Саздовска погоди 13 пати
ЖРК Вардар ја “потопи“ Гевгелија, Саздовска погоди 13 пати

ЖРК Вардар ја “потопи“ Гевгелија, Саздовска погоди 13 пати

Вардарки немаа поголеми проблеми да ја запишат првата победа, во новата сезона во рамките на супер лигата. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански шампионот на Македонија убедливо го совлада тимот на Гевгелија со резултат. Уште пред да започне мечот се знаеше победникот, само прашање беше со колкава разлика ќе го добиеме првиот дуел во новата сезона.

Ние први отворивме со гол за 1-0, потоа гостинките изедначија на 1-1 на самиот почеток. Тоа беше единствен поволен резултат за нив на овој натпревар. Следеше серија 5-0 и водство до 6-1. Некаде пред финишот отидовме на десет плус, 15-5 за нас. До крајот на првиот дел успеавме да дополниме уште пет гола, а гостинките не постигнаа ниеден. На одмор заминавме со резултат 20-5.

Во вториот дел ние почнавме со два погодока на кој гостинот одговори со еден за резултат 22-6. Се до крајот беше рутина ние триумфиравме со високи 45 гола во мрежата на ривалот. Крајниот резултат беше 45-9. Прв стрелец кај нас со 13 гола беше Саздовска Јована, а пак Керамичиева Теодора постигна 9 гола.

ЖРК Вардар: Радичевиќ, Кликовац 7, Саздовска 13, Лазовиќ, Мицевска, Пенезиќ, Керамитчиева 9, Чанаџија, Суслина, Хмирова 7, Лекќ, Петровиќ 2, Ристовска 7.