Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар врза 5.победи во низа, совладан Астибо
ЖРК Вардар врза 5.победи во низа, совладан Астибо

ЖРК Вардар врза 5.победи во низа, совладан Астибо

Во рамки на 6.коло црвено-црните дами гостуваа во Штип, остваривме убедлива победа на средбата со Астибо, резултатот беше 28-40‍♀️

Противникот беше рамноправен само во воведените минути кога беше 1-1, потоа ное бевме тимот кој доминира. По пет минути игра со голот на Радевска поведовме со 2-4, имавме ритам и од минута во минута ја зголемувавме предноста. Веќе во 13.минута бевме на шест плус со голот на Сара Стефаноска за 4-10. Во 27.минута нашата предност стана двоцифрена, Радевска погоди за 10-20, на одмор се замина со резултат 12-23 за нас.
Во вториот дел Царчев и Платон од клупата дадоа шанса на девојките со помала минутажа, сепак и понатака ние бевме тимот кој го контролираше натпреварот. Победата дојде со резултат 28-40.

Вардар: Илиќ 7.одбрани, Ивона Кимовска 1, Ивановска 5, Стефаноска 4, Галачева 3.одбрани, Василева 6, Велјаноска, Трпевска 4, Коцева Борјана 8, Ива Кимовска, Тодоровска, Миленковска, Радевска 7, Ѓорѓиевска 2.одбрани, Милевска и Бојана Коцевска 4