Со одигрувањето на последниот меч помеѓу домаќинот Татран и Брест Мешков на кој гостинот победи со 21-35 се комплетираа сите 13.кола од регионалната СЕХА Лига. По крајот на истата на врвот на табелата со по 33 бода се издвоија нашиот РК Вардар како лидер и хрватскиот шампион ППД Загреб, на трето место е вице-шампионот од истата земја, тимот на РК Нексе.
Вардар и Загреб по одиграни 13.кола имаат 11 триумфа и два неуспеси на своето конто. Со постигнати 376 гола на овие дуели го имаме најефикасиот напад во регионалната лига, или 28,90 постигнати погодоци по одигран дуел. На пролет остануваат пет меча за доигрување, по што следи завршниот Ф-4 турнир.
Вардарци теоретски со само две победи кои може да ги остварат во првите две кола би обезбедиле предвремен пласман, нешто што беше својствено изминатите сезони за црвено-црните момци. Момците на Парондо ќе се обидат напролет третти пат по ред да дојдат до круната и да се одлепат на врвот на табелата на најтрофејни екипи во регионалната конкуренција.
Во првото пролетно, односно 14.коло во регионалната лига гостуваме во Србија кај тимот на РК Војводина.