Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Голема победа во дербито за Вардар над Металург, момците на Будимир и Станковски триумфираа во “рововска битка“
Голема победа во дербито за Вардар над Металург, момците на Будимир и Станковски триумфираа во “рововска битка“

Голема победа во дербито за Вардар над Металург, момците на Будимир и Станковски триумфираа во “рововска битка“

Големото дерби Вардар-Металург денес се одигра во рамки на младинската лига во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Типично дерби, со многу борба, тензии, исклучувања видовме денес. Нашите момци се бореа лавовски, за секоја топка, во рововска битка покажавме зашто сме Вардар. Момците на Будимир и Станковски дадоа “срце на терен“ и победивме со 21-20. Се бореа вардарци во текот на сите 60.минути, за секоја топка, за секоја прилика затоа и дојде победата во ова дерби, честитки за сите до еден кои одиграа како тим.

g

Првиот дел започна лошо, ривалот водеше најпрвин со 1-0, па со 1-3. По десетина минути тие имаа водство со 4-8 резултат кој не ветуваше многу. Заигравме цврсто во одбраната, од клупата добивме совети, Кизиќ направи неколку одлични интервенции. Сето тоа донесе намалување на негативата на 7-8 преку Велимир Грујовски. Она што се случуваше на теренот тешко се пренесува со зборови, момците во црено-црни дресови гинеа за секоја топка, се бореа и успеаваа да парираат на ривалот. На одмор заминавме со негатива 9-11, но во воздухот се чуствувапе нашиот налет,енергија  и мотивација за успех.

g3

Вториот период започна очигледно под импресии од говорот на тренерот Будимир на одморот, момците по првиот свиреж тргнаа во атак. Намаливме на 11-12 по 3.минути игра, откако во одбрана еднаш одзема Благој Димчевски еднаш одбрани Марко Кизиќ ни се даде прилика првпат да изедначиме по почетните 0-0. Савревски Давид од пенал погоди за 12-12 во 39.минута. Игравме силно и одговаравме на ривалите со храбра игра, па така дојде и првото водство со два гола од 17-15, поведовме со голот на Велимир Грујовски. Ривалот изедначи на 17-17, потоа двата тима погодија по три пати и во финишот влеговме со 20-20. Кога беше најтешко нашите играчи најдоа сили да се издигнат, погодија на 43.секунди до крајот за 21-20. Противникот го имаше последнот напад, сепак како сите да знаеа дека тоа нема да мине. Момците застанаа силно во одбраната, рамо до рамо, апсолтно фанатично одиграа и заслужено победија. Тие покажаа како се гине за светиот дрес.

g2

Кај нас голманот Марко Кизиќ беше двоцифрен, Грујовски Велимир “решеташе“ и погоди 8 пати, Србиновски Дамјан и Калајџиев Симон имаа по 4 гола, со три погодоци дуелот го заврши Савревски Давид.