Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Лесна победа за младинците на Вардар Јуниор против Борец
Лесна победа за младинците на Вардар Јуниор против Борец

Лесна победа за младинците на Вардар Јуниор против Борец

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански„ младинскиот тим на Вардар Јуниор лесно го совлада ривалот од Велес, тимот на ГРК Борец. црвено-црните триумфираа со 21 повеќе, односно со 38-17.

xc2-2

Ние тргнавме доминантно на почетокот, ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, а во напад казнувавме. Во 7.минута водевме веќе 5-0, кога противникот дури по 6.минути и 45.секунди ракомет првпат ја погоди нашата мрежа. Успеавме и потоа да доминираме, во 10.минута поведовме со 9-1 со голот на Јакимовски Дејан по што Никола Бисинов, тренерот на Борец го побара првиот тајм-аут на оваа средба. Тоа првпат донесе краток период на рамоправна игра, на нашите два гола тие успеаа да одговорат со иста мерка, па со резултат 11-3 влеговме во втората половина од првото полувреме. Големата предност ни даваше комоција за продолжението, нашите момци комбинираа во нападот, одеа на атрактивни погодоци. Петрушевски денес одигра со конбиниран тим давајќи им минутажа на момците со помал број настапи во тимот. Целосно го контролиравме дуелот, додатно ја зголемивме и предноста. На пауза помеѓу двата периоди стоеше 19-7 на семафорот во “Јане Сандански“.

xc3

Велешани влегоа добро во вториот дел успеаа и да намалат па во 36.минута на семафорот стоеше 22-11. Ние веднаш влеговме во серија и со голот на Чакалиќ Стефан поведовме со 25-11 две минути потоа. Вардаровите младинци беа доминантни во одбраната, па предноста ја правеа преку брзи контри по кои казнуваа.  Постојано доминиравме, од минута во минута успеавме да ја зголемуваме предноста која првпат достигна 20 гола на три минути до крајот. Чакалиќ погоди по контра за 37-17. Се до крајот беше рутина за црвено-црните момци ние триумфиравме со 38-17 на оваа младинска средба од групата-2.

xc4-2

Карапалевски имаше 8 гола, гол помалку постигна крилото Јакимовски, Чакалиќ имаше 6 гола, а Нанов и Ќосевски погодија по пет пати.