Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Slider > Пионерките на РК Вардар со максимални 30 освоени бодови го завршија регуларниот дел, откако вечерва ја победија екипата на Куманово
Пионерките на РК Вардар со максимални 30 освоени бодови го завршија регуларниот дел, откако вечерва ја победија екипата на Куманово

Пионерките на РК Вардар со максимални 30 освоени бодови го завршија регуларниот дел, откако вечерва ја победија екипата на Куманово

Пионерките на РК Вардар стигнаа и до својата десетта последователна победа од исто толку одиграни натпревари. Во рамките на групата 1 од пионерската лига, избраничките на Платон и Папуџиева славеа во дуелот со екипата на Куманово, со конечен резултат од 24:7.

Уште по првото полувреме беа јасни работите околу тоа кој ќе ги освои бодовите на овој меч. Имаше само едно израмнување и тоа на стартот кога резултатот беше 1:1, по што следеше серија на вардарки од 8:0, додека гостите од Куманово цели 15 минути беа без погодок. Последниот гол во второто полувреме го постигнаа гостинките, кои намалија на 9:2.

Доминацијата на нашите пионерки продолжи и во второто полувреме, кога направивме серија од 5:0 и имавме двоцифрена предност од 14:2. Самиот резултат говори за случувањата на теренот, едноставно вардарки беа пресилни за противникот кој немаше сили за надигрување. По осум минути игра во второто полувреме резултатот беше намален на 15:5, но ние постигнавме пет голови во серија и имавме највисоки 20:5. До крајот на мечот, само го зголемивме водството, за на крајот да славиме триумф со резултат 24:7.

Со овој меч го завршивме регуларниот дел од сезоната со максимални освоени 30 бодови од исто толку одиграни натпревари и го потврдивме учеството на завршниот турнир во пионерската лига. Вториот патник на Ф4 во нашата група ќе се бара од дуелот помеѓу екипите на Металург и Делчево, кои во пресрет на меѓусебниот дуел имаат еднаков број на освоени бодови

На вечерашниот натпревар најголем дел од ракометарките успеаа да се запишат во листата на стрелци, а најефикасна беше Тошевска Магдалена која постигна 4 голови. По 3 погодоци беа дело на Бојана Коцева, Ива Ангеловска и Наталија Максимовска, додека по 2 постигнаа Борјана Коцева, Андреа Миланова и Мила Пешиќ. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Зорица Андоноска, Мила Крагељ, Јана Равојска, Александра Коловска и Јована Трајановска.