Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Скубе: Не погрешив што останав во Скопје, покрај проблемите ќе се бориме до крај
Скубе: Не погрешив што останав во Скопје, покрај проблемите ќе се бориме до крај

Скубе: Не погрешив што останав во Скопје, покрај проблемите ќе се бориме до крај

Словенецот, Сташ Скубе  минатата сезона беше еден од главните „виновници„ за освојувањето на ЛШ. Тој и оваа сезона е „моторот“ на Вардар. Средниот бек на црвено-црните, пред мечот во ЛШ против  Мешков Брест даде интервју  за рускиот сајт „БрзЦентар“. Одговараше на повеќе прашања, во продолжение најинтересните за вардаровата јавност:

-Вардар бележи тежок период: Многу повреди, промена на тренер. Жалиш што остана во тимот?

*Имаме многу проблеми, тоа е факт. Ништо не ни оди како што треба. Ние сме момци што ќе се бориме до крај, без разлика на ситуацијата. Не жалам што останав во Скопје, убаво ни е со семејството, а тоа ми е најважното.

- За време на летото те поврзуваа со ПСЖ. Што се случи?

*Да, бев близу до трансфер во екипата на ПСЖ. Се беше речиси готово, ама на крај пропадна. Не сакам да навлегувам во детали околу тоа.

- Дали заминувањето на Карачиќ од Вардар те растажи? Новата тактика со два бека во напад ви беше добра.

*Таа тактика ми се допаѓа.  Вистина, Игор беше многу корисен кога игравме така. Жалам што тој замина во Киелце, но таков е животот. Тешко е да кажам со кој друг би можел да играм така. Но, со двајца плејмејкери на терен, можеш да дојдеш и тоа како до добар резултат.vardarfans-skube

- Низок си за играч на твојата позиција – 179 сантриметри. Дали го гледаш како хендикеп, или како предност?

*И двете. Тешко ми е да реагирам дефанзивно и да шутирам од девет до десет метри. На спротивната страна, дриблањето еден на еден и брзината се моја специјалност.

- Каде се гледаш себеси за пет години?

*Се надевам дека ќе играм ракомет и дека ќе минам без сериозни повреди. Планирам да играм уште шест или седум години на високо ниво. Сакам да играм на Ф4-турнирот во ЛШ, па и пак да го освојам овој престижен трофеј. Успеав во тоа минатата година, морам да признаам дека чувството е феноменално.