Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 8.коло! „Мириса“ на нова црвено-црна круна, пионерките на Вардар максимално доминантни
Преглед 8.коло! „Мириса“ на нова црвено-црна круна, пионерките на Вардар максимално доминантни

Преглед 8.коло! „Мириса“ на нова црвено-црна круна, пионерките на Вардар максимално доминантни

Со дуелот Аеродром-Вардар, кој беше средба на првопласираните две екипи се окочна 8та „епизода“ од пионерската група-1. По ова предпоследно есенско коло многу работи веќе се познати. 

Алушовски беше единствената домашна екипа која дојде до победа во ова 8.коло. На сите останати дуели триумфираа гостинските екипи, победи впишаа: Делчево, Куманово и Металург. Пионерскиот тим на ЖРК Вардар гостуваше кај тимот кој по седум кола беше зад нас на табелата, екипата на РК Аеродром. Ние отпатувавме на ова гостување со три бода повеќе, во еден меч во кој доминиравме од почетокот и отворивме со 0-6 дојдовме до победа. По истата се промовиравме за „есенски првак“ на коло од крајот.

1913

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО ПИОНЕРСКА ЛИГА(ГРУПА1):

РК Алушовски – РК Драчево 41:10

*РК Аеродром -ЖРК ВАРДАР 11:21

*РК Ѓорче Петров – РК Делчево  14:19

*РК КЛ 7 Лазаров – ЖРК Куманово 08:21

*РК Велкова 5 -ЖРК Металург 12:18

1104

Вардар е најдоминантна екипа во пионерската конкуренција, ако на ланските 12 победи ги додадеме овие 8 ние сме во низа од 20 победи на исто толку пионерски дуели, бројка со која неможе ниедна екипа да се пофали во земјава. Со максимални 24.бода веќе е сигурно дека како лидер идеме на „зимување“. Ја имаме најдобрата одбрана и голмани, со само 90 примени гола или во просек примаме околу 11 погодоци по дуел. Во нападот сме перфектни, нормално имаме највеќе голови во оваа група. Постигнавме 214 погодока односно стреламе умешно речиси 27.пати на меч. За илустрација тимот на Стружанка кој е лидер во групата-2, има  послаби перформанси од нас иако во таа група ривалите не се на ниво на нашите. Тие имаат 21.гол постигнат по меч во просек и 12,20 примени по одигран дуел.   Првата половина на табелата по 8.коло изгледа вака:

1.ВАРДАР 24.БОДА

2.МЕТАЛУРГ 19.БОДА

3.АЕРОДРОМ 18.БОДА

4. ДЕЛЧЕВО 16.БОДА

5.ВЕЛКОВА-5 15.БОДА

 *Во последното есенско коло, односно 9.рудна ќе ја пречекаме екипата на Ѓорче Петров во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.