Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Веспрем премоќен за „комбинираниот“ Вардар, скопската публика со поддршка цел меч и на двоцифрена негатива
Веспрем премоќен за „комбинираниот“ Вардар, скопската публика со поддршка цел меч и на двоцифрена негатива

Веспрем премоќен за „комбинираниот“ Вардар, скопската публика со поддршка цел меч и на двоцифрена негатива

Веспрем како што и се очекуваше лесно се справи со „комбинираниот“ РК Вардар. Унгарците дојдоа до лесна и висока победа во Јане Сандански со резултат 29-38.

g2

На почетокот ривалот поведе со 0-1 и 1-2, ние изедначувавме преку Павел Атман па по 3.минути игра беше реми 2-2. Следеше пад во нашата игра, ние повторно игравме со „скрпена“ бековска линија, унгарците поведоа со 2-8 во 10.минута од минута. Кокшаров дури по серија 0-6 побара тајм-аут, истиот веројатно требаше да се бара доста порано. Разликата отиде и до седум, ривалот поведе со 2-9.  Успеавме да намалиме дел од разликата, во 17.минута со голот од пенал  на Чупиќ Иван намаливме на 8-13. Некоја рамнотежа во нападот се обидуваше да направи Пелко кој одигра добро, младиот Кизиќ врза неколку одбрани. Немавме сила и капацитет да се носиме со комплетниот и силен ривал, па на пауза заминавме со висока негатива.  На семафорот стоеше резултатот 15-22.

g4 g5

Отворивме со гол на Шишкарев за 16-22, на нашиот гол деби имаше Гогов кој отвори со одбрана од пикер.  Седумте разлика од одморот беа актуелни и по првата третина од вториот дел, во 40.минута на семафорот стоеше резултатот 19-27.  Радува што младиот Гогов како дебитант покажа желба, квалитет и знаење, сепак тој е младо момче пред кого е ракометно созревање во иднина. Во 48.минута веспрем отиде и на двоцифрена предност, тие поведоа со 22-34. Радуваат две работи првата дека ова е последно коло пред паузата, втората дека салата и на овој резултат ги бодреше црвено-црните момци на Кокшаров. Поразени бевме со резултат 29-38.

Атман беше наш најдобар стрелец со 7 голови, додека Калараш и Чупиќ имаа по 4.

По мечот Комити и салата ги поздравија играчите како да дојдоа до триумф, се пееше: И да изгубите, нема да ве оставиме…