ЖОК Вардар ги договори сите детали за трансфер на Дарја Аврамчик, одбојкарка која важи за една од најсексапилните во Европа и во својата земја, Белорусија.
Се работи за 21-годишна одбојкарка, која на домашна сцена беше дел од тимот на Брест, а која веќе има и меѓународно искуство со настапи за екипи од Франција и од Словачка. Аврамчик во Вардар доаѓа како големо засилување за тимот.
Кога сме кај ЖОК Вардар, да напоменеме дека плановите на раководството за новата сезона се да сè појават само во Европа, а потоа тимот да расте.